Бебе пронајдено мртво на тераса, мајката со пресечени вени

2 октомври, 20150
11

Осуммесечно женско бебе е пронајдено мртво на тераса во стан во белградската населба Врачар, а нејзината мајка (37) е пронајдена во собата во тешка состојба.

Полицијата влегла во станот бидејќи мајката на бебето не се јавувала на повиците на загрижените членови на семејството. Прво ја нашле жената во тешка состојба, а потоа го пронашле и безживотното тело на бебето на терасата.

Лекарите ја згрижиле жената, а телото на бебето е однесено на обдукција за да се утврди причината за смртта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *