Децата по цел ден ви се на „Фејсбук“? Овој експеримент ќе ве преплаши!

1 декември, 20150
Децата по цел ден ви се на „Фејсбук“? Овој експеримент ќе ве преплаши!

Познатиот Јутјубер Коби Персин во соработка со неколку родители лажно им се претставувал на девојчиња, а нивните реакции многумина ќе отрезнат и ќе поттикнат на уште поголемо внимание…

Коби неколку дена на Фејсбук комуницирал со три девојки, од кои ниту една не била полнолетна. Направил лажен профил и по неколку дена успеал да договори состанок со нив.

Иако тие состаноци вклучувале наоѓање во парк или состанок во куќата на едно од девојчињата, тие се согласиле без да размислат. Третата дури без никакво прашање влегла во непознато комбе среде ноќ.

Освен Коби, тогаш ги дочекале и нивните родители кои на лице место им објасниле што се случило, а и што полошо можело да се случи.

На овој начин во светот исчезнуваат илијадници луѓе секојдневно.

Социјалните мрежи се корисни доколку сте доволно зрели и знаете како да ги користите. Но, доколку имате дете, добро разговарајте со него.

Погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *