Дете стои на работ на прозорецот на осми кат, родителите ги нема

2 октомври, 20150
Дете стои на работ на прозорецот на осми кат, родителите ги нема

Ова застрашувачко видео беше објавено на видео сервисот Јутјуб каде се гледа како едно дете стои на работ на прозорецот на осми кат.

Само еден погрешен чекор и детето можеше мошне лесно да падне, а неговите родители никаде ги нема. Инцидентот се случил во градот Миас во областа Челјабинск во Русија, како што се коментира на социјалните мрежи.

Бебето без страв гледа од прозорецот кон земјата и во еден миг дури се чини дека ќе падне, но за среќа остана на неговите нозе и одлучи да се врати внатре.

Соседите од спротивната страна го снимиле инцидентот и веднаш повикале полиција. Полицијата пристигнала за само 15-тина минути и немале можност да ја видат оваа страшна авантура на малото момче.

Полицијата разговарала со родителите на детето и подоцна преку социјалните мрежи соопштила дека станува збор за нормално семејство без никакви проблеми.

https://www.youtube.com/watch?v=1xEQ2orTjKk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi