Еве како Пинк Пантерите украле 200 милиони фунти во Лондон?

24 април, 20150
16

Британската полиција објавила реконструкција на неодамнешниот грабеж на трезорот во централен Лондон кога биле ограбени дури 72 сефа, до кои крадците дошле откако претходно направиле дупка во бетонскиот ѕид со ширина од половина метар.

Во најголемиот грабеж кој Британија некогаш го видела, крадците од групата Пинк Пантер користеле тешка опрема за сечење и бушење за да дојдат до подрумот на трезорот на лондонската елитна улица Хатон Гарден, и од таму изнеле пари и накит во вредност од повеќе од 200 милиони фунти!

Од полицијата било соопштено дека нема знаци за насилен влез во зградата, а крадците до трезорот дошле откако го онеспособиле лифтот на вториот кат, и низ празното окно се спуштиле до подрумот, откако претходно го онеспособиле системот за аларм.

Сомнение на “Пинк Пантер” фрла и добрата подготвеност на акцијата и сведоштвото на некои очевидци, кои “виделе неколку мажи од источна Европа како го набљудувале објектот една седмица пред грабежот”.

Групата во Британија се прослави по грабежот во Лондон во 1993. година, кога украдоа дијаманти во вредност од 575.000 фунти, а потоа ги сокриа во кутии со крем, исто како криминалците од филмот “Враќањето на Пинк Пантер” од 1974. година. Бандата е составена од членови од Србија, Црна Гора и Хрватска.

На групата и` се препишуваат над 100 грабежи ширум Европа, но и во Дубаи и Јапонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi