И ја залепил вагината на жената со супер лепило за да не го изневерува
Љубоморен маж од Преторија, Африка. кој мислел дека неговата жена го изневерува одлучил да и се одмазди така што и ставил супер лепило на нејзината вагина, пренесуваат светските медиуми.
Тој станал опседнат со идејата дека неговата 40-годишна сопруга има сексуален однос со нејзиниот вујко откако еден ден тој ја довезол до нивниот дом.
Мажот ја заклучил несреќната жена во соба и ја натерал да се соблече заканувајќи и се дека ќе и ја отсече главата со мачета која ја држел во раце. Избезумената жена ја раскажала оваа трауматична приказна.
– Пред овој инцидент се обиде да ми ја отсече раката, бев преплашена. Ми нареди да легнам на креветот и да ги раширам нозете. Потоа извади супер лепило од џебот и го намачка на мојата вагина. Солзи ми течеа низ лицето и го молев да престане, но на него не му беше гајле. Не познавам ниту еден маж кој би и направил такво зло на својата жена – раскажала жената.
Таа подоцна се обидела да го отстрани лепакот, но сега има лузни за цел живот и повеќе нема да може да има сексуални односи и трпи ужасни болки. Таа додала дека сака да го види својот сопруг во затвор, но се плаши дека ќе се врати по неа да и се одмазди.
– Сакав да поднесам тужба, но тој побегна и не е виден уште од инцидентот. Уплашена сум и мислам дека би можел да се врати и да ми ја отсече главата во било кое време – додала жената.