ИД се закани дека ќе му ја отсече главата на Обама во Белата куќа
28 јануари, 20150
Радикалната сунитска група Исламска држава во најнов видеозапис директно му се закани на американскиот претседател Барак Обама, јавува „Фокс њуз“.
– Обама, знај дека ќе дојдеме во САД. Ќе ти ја отсечеме главата во Белата куќа, а Америка ќе стане муслиманска провинција – се наведува во видеоснимката.
Исламските екстремисти, исто така, ѝ се заканија и на Европа.
– Ова е порака за Франција и за нејзината сестра Велика Британија: ќе дојдеме и до вас, со автомобил-бомби и со експлозиви – се заканија џихадистите.