Купила парче месо и останала во шок

2 јули, 20150
Купила парче месо и останала во шок
Додека некои сакаат да го јадат своето месо благо печено, она што и` се случило на една жена во Кина, едноставно е неверојатно.

Откако една жена купила парче свежо говедско месо во еден кинески град, стигнала дома и почнала да го приготвува месото. Кога го извадила од кесата останала шокирана.Месото еден час после купувањето пулсирало.

Госпоѓа Ченг која живее во кинеската провинција Шандонг, воочила пулсирање во парче месо кое изгледало како да е живо. Го зграбчила мобилниот телефон и се` снимила, пишува Daily Mail.

„Изгледаше како да е живо или како во него да има црви, а кога почнав да го сечам видов дека во него нема црви“, раскажала госпоѓа Ченг.

Експерт од областа на здравјето на животните, Лу Сувен, напоменува дека ваквите ситуации се можни и дека станува збор за нервни завршетоци кои очигледно се уште не се мртви.

https://www.youtube.com/watch?v=mZAGfVS6lBA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *