Мајка- монструм го задушила бебето со кеса за ѓубре

2 октомври, 20150
12

37-годишната Тања Лакиќ Машо најверојатно со кеса за ѓубре ја задушила својата осуммесечна ќеркичка Ања.

Полицијата телото на Ања го пронајде целото помодрено во кеса фрлена на терасата од нивниот стан во белградската населба Врачар. Тања е пронајдена како лежи на креветот од станот целата во крв откако претходно си ги исекла вените.

Полицијата дошла во нејзиниот стан по пријава на нејзината мајка која побарала да се провери што се случува бидејќи со денови не можела телефонски да се слушне со ќерката.

Мајката – монструм преживеа, а медиумите пишуваат дека била лечена наркоманка.

Истрагата е во тек.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *