Мајка монструм: Мама ги договараше клиентите. Најчесто доаѓаа во нашата куќа, но тоа го правевме во нивните домови…

4 март, 20150
11

Без каење, студено и тивко, 47-годишната Ј.М. слушала како во судницата во Карловац неколку постари мажи сведочат дека таа ги нудела своите малолетни ќерки за кутија цигари и “ситна пара”.

Една од ќерките нема се уште 16 години, а веќе очекува бебе, а другата има само 17 години.  Ги нудела и останатите две ќерки, најстарата само што наполнила 18 години, и девојчето кое само што почнало да оди во петто одделение. Поштедена била само најмалата, затоа што била уште бебе.

Судијата од карловачкиот суд, Анте Ујевиќ , и изречил казна од четири години затвор за време на судењето кое било премногу болно и трагично  за девојчињата, поради што на  новинарите не им било дозволено да го следат. На 13 страници се опишани  сите одвратни детали за начините на кои биле  договорни нејзините ќерки.

“Мама ги договараше клиентите. Најчесто доаѓаа во нашата куќа, но тоа го правевме во нивните домови или возила. Цената секогаш ја договараше мајка ми, ние само ги зимавме парите и и ги дававме”, раскажала едно од девојчињата која имала само 15 години кога се случувал овој хорор.

За жал, оваа мајка од пеколот се уште не ја стигнала раката на правдата. Таа побегнала пред нејзината пресуда. Се претпоставува дека е во Босна, или поверојатно во Србија, каде што живееле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi