Огромна дупка го проголта езерото!

26 јуни, 20150
Огромна дупка го проголта езерото!

Мистериозен џиновски вител се појавил во езерото Тексома, помеѓу Тексас и Оклахома, а снимениот феномен го исцрпува езерото пред очите на збунетите набљудувачи.

Огромниот вител се појавил неодамна во езерото Тексома и веднаш станал сензација на социјалните мрежи. Видеото на Јутјуб го објавиле американски воени инжинери. Според описот кој го ставиле под видеото, вителот е широк осум метри и може да проголта брод.

Инжинерите тврдат дека се` може да се објасни. „Баш како и во вашиот дом, кога ќе ја наполните кадата и ќе го отворите одводот, ќе се создаде вител, рекол менаџерот на езерото Тексома, Би Џеј Парки.

Ова езеро е еден од најголемите извори на вода во САД. Се наоѓа на границата меѓу Оклахома и Тексас и формирано е од водата од браната Денисон на реката Ред.

Имено, кога нивото на водата расте, како што се случи оваа седмица, Друштвото на инженери ги отвора устите на дното на езерото за да ја извлече водата во реката. Водата почнува да се движи како торнадо, кое е најшироко на врвот, а најтенко на дното.

Целото подрачје моментално е забрането за бродови и чамци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi