Овој град е толку опасен, што таму не влегува ниту полиција

7 февруари, 20180
7

Мексиканскиот град Хуарез сместен во истоимената долина, кој три години по ред ја носи титулата за најнасилниот град на светот, е полн со криминални картели. Тие тука ги водат бизнисите, продаваат дрога, оружје и носат илегални имигранти преку граница и ладнокрвно го убиваат секој кој им се меша во работата.

Денес, долината Хуарез е најпогубната долина од сите места во во Северна Америка заедно.

„Навикнете се на мртвите тела по улиците. Ако не сте дома, а слушнете пукотници, би можеле да бидете убиени“, вели Алехандро Монтес, вработен во една бензинска пумпа во градот Пракседис Гвадалупе.


Последните полицајци биле погубени во 2009 година, а градот после тоа не добил нови полицајци. „Нарко босовите го заменија авторитетот на полицијата и ако сакате да преживеете, морате да живеете по нивните правила“, додава Алехандро.

Се верува дека градот е под контрола на картелот Синалоа, нарко бос познат под името Замбада, кој го заменил „Ел Чапо“ Гузман, откако тој бил уапсен минатата година.

Наздорот на улиците го превзела неговата група, па така зачестиле киднапирањата, мачењата и обезглавувањата. Жителите живеат во постојан страв од брутален третман.

Во долината некогаш живееле 60.000 луѓе, а денес таа е дом на одвај 5.000 луѓе. Останатите или побегнале или биле убиени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi