Преубава 19 годишна девојка која е страв и трепет за џихадистите

26 февруари, 20150
Преубава 19 годишна девојка која е страв и трепет за џихадистите

Борците од редовите на Курдите кои се борат против Исламската држава имаат поддршка и симпатии низ целиот свет.

Повеќе од 30 милиони Курди живеат во четири држави, а во Ирак и Сирија се меѓу првите редови во одбраната против милитантите на Исмалската држава.

Во последните неколку недели курдските војници, помеѓу кои има и многу жени, се обидуваат да го одбранат градот Кобане, курдскиот град на северот на Сирија. Меѓу бранителите на градот има и многу жени, а многу од нив се борат како вистински војници, рамо до рамо со претставниците на посилниот пол.

Па така, дури една третина од курдските сили се жени, а меѓу нив е и Сејлан Озалп, позната како Дирен. Таа има само 19 години и својата светска слава ја стекна благодарение на нејзиниот разговор со новинар од BBC.

„Жените се најхртабри борци“, изјави таа и додаде „Не се плашиме од никого. Ќе се бориме до крај и ако треба ќе се дигнеме во воздух, но нема да дозволиме ИС да не заробат!“

Оваа млада девојка со својата храбост и својата физичка појава стана симбол на курдскиот отпор против милитантите на Исламската држава. Токму заради тоа и одекна како вистинска бомба веста дека младата хероина загинала во петокот.

Најпрво турските медиуми ја објавија веста дека Дирен загинала во одбрана на Кобенеа. Спроед веста, таа останала без муниција и со последниот куршум си го одзела животот за да не падне во рацете на оние што ќе ја мачат, силуваат и убијат.

Но, курдската новинарка Мујган Халис набргу преку Твитер ја демантираше веста дека младата хероина загинала, а демант стигна и од курдската политичарка Ајле Акат Ата. Според нив, Дирен не можела да загине во Кобенеу затоа што никогаш не била таму, нејзината база се се наоѓа на сириско-ирачката граница, а таа е жива и здрава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi