Просечните плати во Европа: Каде е Македонија на листата?

28 мај, 20150
11 copy

Највисока просечна плата има Швајцарија со неверојатни 5.610 евра, а најниска воУкраина со 119 евра.

Со 354 евра, Македонија и понатаму се наоѓа на самото дно во Европа кога станува збор за просекот на платата. Сепак, и другите земји од регионот не отскокнуваат премногу, но убедливо највисока просечна плата имаат Швајцарците со неверојатни 5.610 евра.

Потоа следи Монако со 4.436 евра и Луксембург со 3.149 евра. Високи примања имаат и Скандинавските земји каде што просечната плата не е под 2.300 евра.

Франција и Германија се скоро изедначени со 2.180 евра, односно 2.154 евра.

Што се однесува на Балканот и нашиот регион, убедливо највисока плата имаат Словенците со 735 евра, додека најниската е во Албанија и изнесува 310 евра.

Најниската просечна плата на целиот континент ја има Молдавија со 190 евра и Украина со 119 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *