Се урна авионот на релација Барселона – Дизелдорф со 142 патници (видео)
24 март, 20150
Авион од типот Ербас 320 на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи.
Во авионот се наоѓале 148 патници и шест членови на екипажот.
Авионот летал на релација Барселона – Дизелдорф.
Остатоци од леталото наводно биле пронајдени во едно француско село во близина на градот Барселонет.
На местото на авионската несреќа веднаш биле испратени спасувачки екипи и возила на итна медицинска помош.
https://www.youtube.com/watch?v=1A8d-EfHerc