Сон на секој студент: Фасцинантен студентски дом во Копенхаген
Орештад е нов кварт во Копенхаген, Данска, во кој е сместен е фасцинантниот студентски дом Tietgen Student Hall (Tietgenkollegiet). Овој студентски дом е голем кружен дом со прекрасен широк внатрешен двор за дружење.
Во овој дом има вкупно 360 студентски соби.
Градбата со кружен облик е симбол на еднаквост и заедништво.
АРХИТЕКТУРАТА НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ
“Принципот за инспирација на проектот е пресретот на заедничкото и индивидуалното, како карактеристично својство на овој тип студентско домување.”
-објаснуваат проектантите на овој извонреден проект, Lundgaard & Tranberg Arkitekter..
Цилиндричната главна форма е пресечна со 5 вертикални линии, кои визуелно ја делат зградата на соодветни функционални делови создавајќи континуирани отворени пасуси со лесен пристап од надвор кон централниот двор.
СОБИ ЗА ПРЕСТОЈ ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ
Една вообичаена станбена единица има 26-33 метри квадратни.
Студентскиот дом содржи и посебни 30 станбени единици со 2 кревети и површина од 45m2 ( апартмани за парови и студенти кои имаат потреба од екстра простор).
Собите имаат голем стаклен екран-прозорец кој се отвара како француски прозор или со врата кон балкон.
Сите соби имаат обезбедено подно греење, тоалет и туш.
Околу 60 од собите ги добиваат странски студенти кои се на интернационална размена на студенти во Копенхаген.
КУЈНАТА И ДРУГИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРОСТОРИИ
Кујната игра централна улога во салата за престој и како таква направена е да биде удобно и пријатно место за престој.
Во студентскиот дом, 12 станбени единици делат една од 30 пространи заеднички кујни опремени со кујнска опрема и кујнски прибор за готвење, 4 фрижидери, 2 шпорета и еден огромен аспиратор.
Кујните во трпезарискиот сегмент се опремени со огромна трпезариска маса и столици ,превземајќи го социјалниот фокус на собир и дружење поради што видлива е и од другите области на салата за престој.
Со тек на време, како што ја користат, самите студенти и даваат свој индивидуален печат.
Во конекција со секоја кујна е мала помошна соба со мијалник, која служи и како сушална.
За секоја група на домување, исто така постои дополнителен заеднички простор за дружење и гледање телевизија.
Иако оваа соба е предвидена и поврзана со секоја група на станбени единици, таа е од отворен карактер и може да ја користат сите студенти, давајќи слобода да се движат и во другите зони, освен во нивната кујна, што упатува на еден социјализирачки и друштвен момент, без ограничување.
Секоја соба засебно има своја тема и функција и исто така овозможува пристап до поразличен избор на објекти со различни содржини, како музички соби, цртални, читални, итн.