Го чекала вистинскиот: 38-годишна жена се омажила за Исус Христос со црквена церемонија

24 август, 20150
dzesika-hejns-foto-jutjub-1440354582-725171

Кога професорката од гимназија, Џесика Хејс, одлучила да се мажи, таа го одбрала ни помалку ни повеќе туку самиот Син Божји. 38-годишната жена од Форт Вејн, Индијана, кажала “да” на Исус Христос на црквената церемонија.

Џесика Хејс, професор по теологија во средно училиште, рекла дека донела одлука да се омажи за Исус по години молитви. Таа е сега дел од елитната група на “посветени девици”- жени кои водат строг живот, но не мораат да живеат во конвенции ниту да работат за Католичката црква. Хејс планира да го продолжи својот нормален живот во својот дом, но таа нема да може да се омажи ниту да има секс со било кој до крајот на својот живот.

“Мислам дека во извесна смисла сите ние сме повикани да бидеме во брак”, изјавила Џесика и додала:”Само е прашање како вие гледате на тоа. Значи, мојот брак со Христос е како и бракот со било кој сопружник. Моите студенти ме прашаа дали сега треба да ме викаат г-ѓа Хејс кога ќе се вратам во училиштето, им кажав дека сеуште сум госпоѓица, но сум мажена за Исус.”

Свадбената цремонијата беше спроведена од страна на владиката Кевин Ц. во катедрала во која присуствувале повеќе стотици луѓе – главно странци. Хејс изјавила дека е прилично задоволна од посетеноста, иако поголемиот дел од гостите присуствувале од љубопитност.

“Многу сум среќна што имаше толку сведоци на венчавката, бидејќи сега можеби повеќе жени ќе слушнат за ваквиот живот и ќе го спомнуваат во своите молитви”, вели Џесика.

За да стане жена на Исус, црквата наведува дека не смее да биде мажена и мора да даде гаранција дека ќе води чист живот. Денес на светот постојат околу 3,500 посветени девици, а 230 од нив живеат во САД. Хејс е прва жена во Форт Вејн, која животот го посвети на Исус Христос.

https://www.youtube.com/watch?v=iNEt6zK5VAY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi