Тито уште пред 40 години го предупреди светот: Ако го послушавме, тероризмот денес немаше да постои!

18 ноември, 20150
1

По повод терористичкиот напад во Париз, на Фејсбук се појави информација која оригинално е објавена пред повеќе од 40 години, а во неа претседателот на тогашна Југославија, Јосип Броз Тито повикува на мир, но исто така, дава и рецепт како да се искорени тероризмот.

Тито изразил несогласување со акцијата на германските командоси 1972 година во масакрот на израелските спортисти за време на Олимписките игри во Минхен од страна на палестински терористи, велејќи дека би можело многу подобро да се дејствува во тој случај. Тогаш беа убиени 11 Израелци и двајца Германци.

– Вие, инаку знаете каква е ситуацијата. На Блискиот исток работите стигнаа во ќорсокак. Видовме што се случи во Германија на Олимпијадата во Минхен. Убиени се 11 израелски спортисти. Загинаа и двајца Германци… Поради тоа веќе можеа да ги дигнат авионите и да бомбардираат жени и деца во Либан и Сирија. Јас лично, како и цел наш народ, апсолутно сме против она што командосите го направија во Минхен. Дали тие свесно или несвесно беа нечие оружје, не знам.

Но ние сме против теророт воопшто. Но, дајте малку размислете – какви се` терори има. Што е со оној терор кога секојдневно се фрлаат илијадници и илијадници тони експлозив, кога со бомби се руши и се живо се убива. Дали тоа е терор? Тоа е најлош терор. Според тоа, нека сега извлечат поука од она што се случи во Минхен, па еднаш преку Обединетите нации, да се направи нешто како тероризмот во светски рамки веќе не би се појавил.

А тоа може да се оствари… Тоа што Израел го прави не го прави сам, има добра поддршка од надвор. Поради тоа е многу опасно. И тој терористички потфат во Минхен има една многу пеколна намена. Дали целата омраза на човештвото ќе се сврти против Арапите. Тогаш, би требало да се ликвидираат сите Арапи. Се разбира, треба да се бориме против тоа да се фрли крвицата на тие народи, на цели земји, рекол Тито во Приједор.

Со самиот говор, Тито дал и еден вид рецепт како да се санира моменталната ситуација со тероризмот, иако југословенскиот лидер овие зборови ги кажал пред повеќе од 40 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *