Западот верува дека помрачувањето на Сонцето е порака од Бога и дека се ближи судниот ден

19 март, 20150
14

Вака ќе изгледа крајот на светот… ќе заврши со помрачување.

Или барем така гледаат некои христијански проповедници. Како и да е, многумина на интернет се загрижени дека помрачувањето на Сонцето е почеток на крајот на светот, или порака од Бог дека се ближи Судниот ден. Жарот на овие верувања го разгорува и поклопувањето на трите ретки значајни астрономски појави на небото, кои ќе се случат на 20-ти март.

Имено, во петок ќе се поклопат помрачувањето на Сонцето, Супермесечината и пролетната рамноденица. Супермесечината е појава на небото која се случува кога природниот сателит на Земјата е околу 50.000 километри поблиску до нашата планета. Тогаш е за 14 проценти поголема и за 30 проценти посјајна.

Некои контроверзни американски веб страни сметаат дека помрачувањето на Сонцето е знак за предупредување од Бог за човештвото на Земјата. „Оваа порака е за целото човештво, бидејќи оваа појава ќе биде целосно видлива на Северниот пол, кој не е ничија територија, што значи дека предупредувањето не се однесува на ниедна земја посебно“. Ова го тврди Боб Одел, основач на порталот “Root source”.

Тој додава дека Евреите веруваат дека целосното помрачување на Сонцето е предупредување и знак на осуда, и нагласува: „Бидејќи помрачувањето најдобро се гледа во земјите како Англија и Шведска, во кои расте антиисламското и антиеврејското движење, Европејците треба да се посебно загрижени“.

Пророштвото на крвавата Месечина

Дел од христијанските проповедници од Западот, го споменуваат и пророштвото за крвавата Месечина од Книгата на пророкот Јоил, коe укажува дека тетрадата – четири едно по друго помрачувања на Месечината за шест месеци – се знак дека се ближи крајот на светот.

Оние кои веруваат во ова пророштво се убедени дека Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв… по што ќе следи апокалипса. Од друга страна, љубителите на овие астрономски појави, со нетрпение го очекуваат овој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi