10 нешта за кои што сигурно ќе зажалите во иднина

23 јануари, 20150
23

Најголемо животно исполнување е да погледнеш во минатото и да знаеш дека си ги направил вистинските нешта. Среќа е да го живееш животот што го сакаш, а сигурно ќе зажалите доколку го направите спротивното, односно:

1. Да „носиш маска“ за да ги импресионираш другите.

Со тек на време ќе нема ништо под неа, а подобро би било да имаш мал круг на луѓе кои ќе те прифатат онаков каков што си, него голем круг од лажни пријатели.

2. Да дозволиш некој да ти ја креира иднината.

Најголем предизвик во животот е да го најдеш својот пат и да ги оствариш своите сонови, не дозволувај некој да го прави тоа за тебе. Дај си време, прави го тоа што сакаш и греши, а и учи од грешките, ќе го најдеш својот пат.

3. Негативно друштво.

Негативните луѓе и нивните негативни ставови и влијанија, едноставно не ти се потребни. Немој да дозволиш да допрат до тебе, одбери позитивни и добри луѓе со кои ќе го поминуваш времето.

4. Себичност и егоизам.

Животот исполнет со позитивност, љубов и добрини е добра основа за добра иднина. Доколку сте себични, тоа ќе ви се врати како бумеранг порано или подоцна.

5. Избегнување промени и растење.

Стравот од промени е сосема нормален, но треба да го победиш стравот и да се издигнеш над него, само така ќе бидеш подобар.

6. Да се откажеш кога станува тешко.

Нормално е да се издигнуваш и да се симнуваш. Нема порази, само резултати. Иако работите не излегуваат како што си очекувал, научи од искуството и продолжи понатаму. Тој кој продолжува, секогаш е чекор понапред од оној кој дозволува да биде поразен.

7. Ситничарење.

Фокусирајќи се на секој детал само ќе ве измори и потишти, бидејќи не може се да биде како што сакате. Оставете некои работи да се случат сами од себе, уживај во животот, не мора секој чекор да биде испланиран.

8. Задоволување со помалку од тоа што заслужуваш.

Бидете доволно силни да оставите и доволно мудри за да го чекате тоа што го заслужувате.

9. Бескрајно чекање на „утре“.

Секогаш мислиме дека има време, но еден ден ќе се разбудиш и ќе жалиш што не си го остварил тоа што го сакаш.

10. Мрзеливост.

Светот не ти должи ништо, но ти му должиш на светот. Престани да сонуваш и почни да правиш. Земи ја судбината во свои раце, земи контрола, не чекај некој друг да ги заврши работите за тебе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *