Богатите деца од Иран хит на Инстаграм

22 јануари, 20150
20

Rich Kids Of Tehran е името на корисничката сметка на Instagram, каде се објавуваат фотографии што го покажуваат гламурозниот живот на богатите деца од Техеран, главниот град на Иран. Описот вели дека ова се нештата што „не сакаат светот да ги знае за Иран“, што е далеку од она што го гледаме во серијата „Homeland„ или филмот „Argo“.

На фотографиите гледаме како девојки позираат пред базени во бикини, облечени во гламурозна облека и акцесоари, пиење на скапи пијалоци и други луксузни нешта.

Може да се видат и луксузни автомобили и приватни авиони, од кои дел и позлатени возила кои чинат околу 250.000 долари.

Разгалените деца на богаташите од Иран изгледаат како да доаѓаат од било која друга богата земја.

Како потсетување, од 1979-та година, религиозните закони наложуваат жените да се облекуваат скромно и во јавност да ја покриваат косата, а мажите да се облекуваат и изгледаат конзервативно, а исто така алкохолот е забранет.

Но тоа е далеку од она што може да се видат на фотографиите на Instagram.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi