Лагите на Овните се провидни, Лавот не лаже, тој преувеличува, Близнаците се најголемите лажговци во Зодијакот…

30 август, 20150
5

Овните лажат, ама не ги бива, Водолијата не сака да лаже, но е спремна на компромиси, а Близнаците се најголеми лажговци во Зодијакот.

Близнаците се најголемите лажговци во Зодијакот па затоа со нив ќе започнеме. Кога со наивна фаца ќе ви се заколнат во спротивното, знајте дека ве лажат. Тие ова го прават забавувајќи се, а при тоа глумат мислејќи дека тоа е мала игра која никому нема да наштети.

Шкорпијата е исто така доста убедлива во лагите – Овие луѓе измислуваат безобразно и ладнокрвно, но најчесто тоа го прават не со цел да повредат некого, туку само да ја тестираат туѓата интелигенција. Всушност Шкорпиите сакаат да најдат човек на свое ниво, или уште подобро предизвик за ментална игра.

Лавот всушност не лаже, тој само ги преувеличува настаните, создавајќи интересни приказни, а се тоа со цел на нивната реалност да се придаде поголема вредност и помпезност.

Овните лажат неспретно и може да се каже дека тие се едни од најлошите лажговци во Зодијакот. Импулсивно им доаѓа да излажат, но со толку запалена глава често забораваат што кажале во афект, па следниот пат даваат скроз поинаква верзија на настанот.

Стрелецот е сличен на Овенот – вистината е неговото најсилно оружје, па затоа се чувствува несигурно кога лаже. Во тие мигови се збунува, поцрвенува, сакајќи потсвесно да го разоткријат, со цел да се спаси од таа фарса. Едноставно лагата не му е во крвта.

Водолијата не сака да лаже, но е подготвена на компромиси и заташкување на вистината. Доколку смета дека така ќе ја спаси врската или дека ќе спречи некој да биде повреден, Водолијата ќе излаже. Но простено им е, целта ги оправдува Водолиите!

Вагата се труди да ја заобиколи лагата ако е возможно, па попрво ќе премолчат или дискретно ќе ја сменат темата со љубезна насмевка. Кога се приморани умеат да излажат со цел да ублажат некои непријатни ситуации.

Ракот тешко дека ќе го фатите како лаже – има одлична меморија и точно се сеќава што, каде и кога излажал. Ракот најчесто се служи со лаги за да ги заштити ближните и оние кои ги сака, никогаш не лаже во своја корист.

Рибата лаже мајсторски, но тоа најчесто се ситни превари за секојдневните збиднувања, бидејќи сака да си го пополни времето и да си го направи животот поинтересен. Со своите лаги никому не му наштетува.

Јарецот е исто така добар лажго, неговите лаги се добро осмислен алиби, дополнето со убедливи причини и оправдување. Јарецот лаже ретко и само во афект, и секогаш тоа е добро испланирана лага, така да вие нема да знаете дека ве излажал.

Бикот измислува само во одредени ситуации, но неговите лаги би ги нарекле полувистини во кои и тој самиот би можел да поверува. Се што ќе каже делува како вистина, бидејќи и сам си верува во она што ќе го каже. Со своите лаги никого не оштетува.

Девицата ретко се служи со лаги, можеби ова е напоштениот знак на Зодијакот. Но ако се случи да се послужи со лага, тогаш приказната ќе ја раскаже до најситни детали, па така ќе забележите дека ве лаже. Луѓето кои лажат најчесто при описот се служат токму со многу детали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi