Најголемите тајни на Мерилин Монро…

23 ноември, 20150
6

Мерилин Монро, родена под име Норма Џин Мортенсон, а растена и воспитувана како Норма Џин Бејкер, најмногу ја памeтиме по нејзината актерска кариера, честите романси и дрогата.

Многумина ги знаат и интимните детали од нејзиниот трагичен живот, но сè уште постојат неколку скриени тајни за неа за кои сигурно не сте знаеле:

Мајка ѝ сакала да ја убие

Во текот на нејзиниот живот, Мерилин изјавила дека нејзината прва меморија била поврзана со мајка ѝ. Таа се сеќавала на нејзиното креветче и на мајка ѝ која стоела над неа и се обидувала да ја задуши со перница.

Не е јасно што ја предизвикало да запре или дали меморијата на Мерилин е реална. Сепак, Мерилин подоцна била сместена во згрижувачки систем.

Таа секогаш се плашела дека ќе ја наследи ментална болест на мајка си и дека ќе заврши во ментална институција.


Работела во фабрика

Пред да стане холивудска актерка, Мерилин била едноставна девојка без семејство и без среќа.

Често се селела од дом во дом за сирачиња, се откажала од средно училиште и на 15 години се омажила за Џими Доерти, со надеж за подобар живот.

Мерилин почнала да работи во фабрика за муниција, за поддршка на воените активности. Додека работела во фабриката ја открил еден фотограф кој ја однел во Холивуд.


Поседувала над 400 книги

Како страстен читател, Мерилин била далеку од „глупава русокоса.“ Нејзината лична библиотеката содржела повеќе од 400 книги, фантастична литература до биографии и лични дневници. Мерилин во книгите пронаоѓала утеха и бегство од проблемите.


Имала три спонтани абортуси

Бидејќи самата немала стабилен дом, Мерилин очајно сакала да има деца и да започне семејство. И покрај тоа што била во брак три пати, таа никогаш не била во можност да има свои деца.


Имала проблеми со учење на текстови

Многу актери и колеги коментирале дека Мерилин е посветена и дека работата ја сфаќа сериозно. Со оглед на тоа колку била начитната и паметна се чини изненадувачки дека имала потешкотии со учење и помнење на текстови.


Еднаш дошла на работа гола

Мерилин секогаш доцнела на снимање, поради што продукцијата губела многу пари.

Еднаш решила да здобие публицитет за филм, во кој во една сцена требала да плива во костим во боја на месо. Меѓутоа, таа ги поканила сите новинари на снимање, а потоа отишла да плива гола.

Со ова сакала да му докаже на светот дека способна жена и дека не се плаши да ја покаже својата кожа. Од друга страна, таа го направила ова со намера да и парира на Лиз Тејлор која заработувала десет пати повеќе од неа, а работела за истата продукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi