Најслаткиот бакнеж: 4-годишно девојче го „украде“ вниманието на свадбата на мајка си

19 јуни, 20150
2

Мало девојче со сладок бакнеж го „украде“ вниманието на гостите на свадбата на мајка си. Фотографијата од 4-годишната Андерсон стана вирален хит откако беше објавена на интернет.

Имено, малата слатка „невеста“ помислила дека фотографката ѝ се обраќа нејзе кога замолила невестата и младоженецот да се бакнат, па го бакнала момчето кое позирало до неа.

„Ги замолив невестата и младоженецот да се бакнат. Бидејќи Андерсон цел ден се нарекуваше себеси невеста, си претпостави дека ѝ се обраќам нејзе, па се наведна и го бакна момчето кое ги носеше прстените. Тоа беше незаборавен момент на кој гостите се смееја до солзи“ – рекла фотографката Леа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *