Одговорот на спонзорушата: Зошто сакам богати мажи?

8 септември, 20150
4

При изборот на партнер сите ние имаме различни критериуми. Додека едни највжна им е убавината, други бараат хемија, трети карактер, поврзаност на духово ниво, слични амбиции…. а има и такви кои бараат пари. Оваа девојка е токму од последните.

Зошто сакам милионери?

Една жена која тврди дека се забавувала со неколку милионери проговори за еден австралиски магазин за мааните и предностите на врските засновани на пари и ги предупреди потенцијалните спонзоруши да бидат подготвени на потчинување, да очекуваат конкуренција и да не се обидуваат да го променат мажот.

Трејси кажува дека со првиот милионер се забавувала кога имала 19 години, а останатите подоцна ги барала преку интернет сајт за запознавање со богаташи.

„Некои луѓе сакаат темна коса, плави очи, а јас едноставно сакам многу пари во банка”.

Оваа плавуша, која е денес во своите дваесетти години кажува дека се забавува и со „обични” дечковци, само заради разноликост, но после врска со таков маж секогаш се потсетува зошто повеќе сака милионери.

Лошата страна на врските со милионери

Сепак, како што кажува, забавувањето со милионер не е воопшто лесно. Мажите, како и жените, имаат одредени очекувања од партнерот. Поради тоа не е изненадување што физичките атрибути им се први на листата на приоритети.

„Богатите мажи се изложени на внимание од јавноста, поради што им е важно покрај себе да имаат репрезентативна личност”.

Кога се забавувате со богат човек, мора да прифатите дека и други жени секогаш ќе се вртат околу него. Единствениот начин тој да сака да биде само со вас е секогаш да го слушате и да ги исполнувате неговите желби.

„Често бараат многу многу внимание, што понекогаш ме нервираше, но во таквите врски треба да сте потчинети. Го трпев тоа, иако не сум таква личност”, кажува Трејси.

 

И тие само сакаат љубов

Меѓутоа, и меѓу милионерите има разлики во однесувањето, посебно меѓу оние кои се родени во богато семејство и оние кои богатството сами го стекнале.

Иако жените ги избираат врз основа на физичкиот изглед, сите тие сакаат само да се заљубат, што и често се случува, а тогаш се соочуваат со суровата реалност.

„Тоа е моментот кога тие се разочаруваат – јас не се заљубувам во нив. Ако не ги засакам, после некое време дефинитивно се тргам од нив”, кажува Трејси додавајќи дека и таа понекогаш започнува врска со надеж дека со тек на време ќе се заљуби.

Како што кажува, од десет врски со милионери, само во двајца се заљубила, а во двата случаи врската не траела долго.

„Милионерите живеат номадски, тешко е да ги следите. Во секоја врска влегувам со надеж дека ќе се заљубам и моментално сум многу среќна”, ја заврши својата исповед оваа млада девојка.
Пари – главната причина за големиот број разводи

Стресот и незадоволството со финансиите се главни причини за развод на бракови. И покрај таквата ситуација, експертите кажуваат дека не е во ред да ги избирате мажите според тоа дали со нив ќе имате сигурна иднина.

„Секако дека на сите им е важна финансиската сигурност, но тоа е само еден фактор. Тоа е како да сте се венчале со некој маж само затоа што има добро тело или е инженер или доктор, а секогаш сте сакале да имате доктор покрај себе. Тоа нема доживотно да ве направи среќни”, кажува Лин Флечер, директорка на организацијата „Relationships Australia”.

Таа исто така истакнува дека секој пат би требало да одреди цели на кои двајцата партнери ќе работат заедно и така ќе ги остварат своите соништа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi