Писмото на девојчето кое го расплака целиот свет.. Мајка ми и нејзиното момче ми ги кршеа нозете..

18 април, 20150
3

Драги социјални работници и полициски службеници, сакам да ви се заблагодарам затоа што ме направивте среќно девојче и што ми овозможивте да добијам нов, топол дом. Сега можам да јадам три пати на ден. Јас сум Мариа Росе Сурпенант.

maria

Вака  малата Мариа го започнува нејзиното писмо, кое го расплака целиот свет.

Мариа има 8 години, а кога била малечко бебенце била злоставувана од мајка и’ и нејзиниот партнер. Поради тешките повреди кои ги добила во текот на мачниот период, таа денеска е неподвижна. Сега Мариа живее без да ги чувствува нозете, има тешка сколиоза, шипки кои и ја придржуваат карлицата. Поради лошата состојба таа мора да се оперира два пати годишно.

maria1

За прв пат во болница била донесена кога имала 8 месеци и имала дури 14 скршени коски.

За голема среќа, малата Мариа денеска е среќно дете, полно со живот и благодарност. А писмото кое таа им го напишала на социјалните работници и на полицијата, а со голема брзина нејзината потресна приказна ги освои а истовремено расплака милиони луѓе низ светот.

maria2

– Драги социјални работници и полициски службеници, Сакам да ви се заблагодарам на тоа што ми овозможивте да бидам среќна девојка и што ми овозможивте нов, топол дом. Сега можам да јадам три пати на ден. Јас сум Мариа Росе Сурпенат. Како бебе бев повредена и вие работевте на мојот случај. До тој степен ме повредија што не можев да одам. Ми беше скршен ‘рбетот, но лекарите успеаја да ми го поправат.Ги прашаа моите родители како сум го сркшила, но тие ги излажаа. Им рекоа на лекарите дека сум паднала од кревет. Тогаш дојдовте вие и ми го решивте случајот. Не дозволивте тие луѓе пак да ме повредат.Доколку не ми помогневте, мојот живот ќе беше во опасност, бидејќи не ме хранеа. Ме тепаа додека плачев. Но, сега сум многу подобро. Единствениот кој ме нервира е нашето куче Џо. Се надевам дека и понатаму ќе им помагате на децата, пишува храбрата Мариа.

maria3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi