Пророштвото на тибетанските монаси открива: Каква судбина ја чека нашата планета?

28 јули, 20150
9

Погледот во иднината со духовни моќи, не е ништо ново во тибетанската култура. Тоа што неколку индиски туристи го посведочиле во тибетанските манастири е многу интересно.

Според приказните на овие туристи, монасите наводно тврдат дека светските сили водат кон уништување. Но…тие исто така виделе дека светот нема да биде уништен! – пренесе српски Курир.

Помеѓу сегашните големи сили кои владеат со светот ќе продолжат судирите и војните. Тероризмот и тајните војни ќе бидат главен проблем. Во светот на политиката нешто ќе се случи, токму околу 2015. година. Во тој период светските сили ќе тежнеат кон меѓусебно уништување. Целиот свет ќе биде насочен кон исчекување на најлошото. Тешките политички маневри и преговори ќе имаат само мал напредок. Во светот ќе почне сè поголемо стремење кон нуклеарна војна. И во тоа време, нешто неверојатно ќе се случи, велат будистичките монаси од Тибет.

Натприродната духовна сила ќе ги вмеша прстите и ќе интервенира, а судбината на светот ќе биде спасена. Интерпретацијата на монашките изјави дава увид во тоа дека моќните сили не набљудуваат цело време. Тие ќе интервенираат и ќе го спасат светот од самоуништување.

Кога биле запрашани за забележаните НЛО над Индија и Кина, монасите се насмеале и рекле дека вонземјанските сили не набљудуваат. На човечкиот вид нема да му биде дозволено да ја смени иднината во тој обем. Секое човеково суштество низ своето постоење и карма има можност да влијае на судбината, но менувањето судбината на светот во тој обем, нема да биде дозволено.

Монасите исто така рекле дека по 2015. година, нашата моментална цивилизација ќе разбере дека крајните видици на науката и технологијата се во зоната на спиритуалната, а не во материјалната и физичката реалност.

По 2015 година, технологиите ќе тргнат во друг правец на развој. Луѓето ќе ја запознаат сржта на спиритуалноста, односот меѓу телото, умот и душата, реинкарнацијата и фактот дека сме поврзани со сите како дел од Бог. Според нивното гледање на иднината, нашата планета е благословена, спасувана целото време од било какви оштетувања, а за повеќето од нив не сме ни свесни. Колку повеќе ќе напредува технологијата, ние ќе бидеме во состојба да разбереме дека духовните сили не спасуваат цело време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi