Ставовите на Мохамед Али без кои и тој не би бил успешен во рингот

21 јули, 20150
16

Поранешниот американски боксер е пример за успех во спортот, кој мора да потекнува од некоја внатрешна сила и длабока мотивација. Да не би била таа мала е веројатноста дека секој би успеал во крвавата арена.

Но што е тоа што го мотивирало овој великан во спортот? Повеќе од очигледно е дека станува збор за неговите ставови.

Токму затоа, можеме и ние да се послужиме со елоквентните зборови и ставови на Мохамед Али без кои и тој не би бил успешен во рингот.

Ова се 11 сфаќања на Мохамед Али:

1. Знам каде одам, ја знам вистината и не морам да бидам она што вие сакате да бидам. Јас сум слободен да бидам она што сум.

2. Човекот без фантазија нема крилја.

3. Служењето на другите „станари“ е цената која ја плаќаш за местото кое го заземаш на оваа планета.

4. Оној кој не е доволно храбар да ризикува, нема да биде ништо во животот.

5. Повторувањето на успесите ви дава верба, а кога таа верба ќе стане длабока увереност тогаш работите започнуваат да се подобруваат.

6. Јас сум обичен човек кој вредно работи за да го развие талентот кој му е даден. Верувам во себе и во добрината на луѓето.

7. Човекот кој гледа на работите во своите 50-ти години исто како и во своите 20-ти, напразно го потрошил својот живот.

8. Луѓето бегаат од предизвиците, бидејќи немаат верба во себе, а јас верувам во себе.

9. „Јас сум најдобар“ е реченицата која постојано си ја кажував и пред да станам најдобар.

10. Сфатив дека, ако таа реченица си ја кажувам доволно пати и светот ќе го уверам дека навистина сум најдобар.

11. Не ве уништуваат планините по кои се качувате, туку каменчињата кои ви се наоѓаат во чевлите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *