Македонецот Ненад во „Ѕвездите на Гранд“ е кандидат за кој жирито призна дека во кафена би им ги собрал сите пари!

26 февруари, 20150
Македонецот Ненад во „Ѕвездите на Гранд“ е кандидат за кој жирито призна дека во кафена би им ги собрал сите пари!

Ненад Милевски во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, веќе со своето прво појавување предизвика големо внимание. Поради специфичната боја на глас, која неверојатна наликува на вокалот на Џеј Рамадановски, овој четириесетгодишен кандидат го воодушеви целиот регион.

Во вториот круг на ова музичко натпреварување, Ненад со изведбата на песните „Недеља“ и „Свирајте ноќас“ потполно го фасцинираше жирито, кој за овој четириесетгодишен кандидат имаше само пофални зборови, со коментар дека  би им ги собрал сите пари во кафеана. Освен строгите судии, овој скромен натпреварувач  ги собра и симпатиите на целиот регион, а со нетрпение се очекува настапот на Ненад во третиот круг.

https://www.youtube.com/watch?v=QtOvUvwzJXU

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *