Реклама поради која се расплака цел свет

22 мај, 20150
Реклама поради која се расплака цел свет

Аргентинска реклама која го промовира донирањето органи го расплака целиот свет. Во неа на многу тажен начин е прикажано колку е важно да станете донатор на органи за да спасите нечиј живот.

Главни ликови во видеото се кучето и неговиот сопственик. Тие постојано прават сè заедно. Појадуваат, шетаат, си играат како неразделни пријатели.

Еден ден на сопственикот му се слошува и доаѓа Брза помош да го однесе во болница. Кучето трча по комбето и стигнува пред болницата каде останува да чека додека не излезе неговиот сопственик.

По некој ден низ вратата забележува девојка во количка, која претходно правела операција за трансплантација на срце. Кучето како да знае чие срце ѝ е пресадено, па се стрчува во прегратка.

Наеднаш старото пријателство се обновува. Кучето добива нова пријателка со старото добро срце на претходниот сопственик, а таа добива нов пријател…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi