Цеца признава: Секогаш бев оставана и изневерувана

27 март, 20150
12

Емотивниот живот на  српската фолк-дива Цеца Ражњатовиќ отсекогаш бил голема мистерија и топ тема за балканските медиуми, а иако досега беше поврзувана со неколку мажи од јавниот живот таа никогаш не ги потврди тие шпекулации.

Фолк-дивата во интервју за српскиот магазин „Пулс“ открива дека кога станува збор за љубовниот живот и врските секогаш била оставана и изневерувана, но дека никогаш не била жена за утеха.

Исто така додала дека сега е време работите во нејзиниот емотивен живот да  се променат.

Пејачката неодамна престојуваше на егзотичниот Тајланд каде што сними спот за песната „Добро сам прошла“ од нејзиниот последен албум „Позив“.

Ражњатовиќ во видеото изгледа многу секси и заводливо, и глуми жена која го остава сопругот и заминува на одмор во Тајланд каде што ужива во прељубата со младо и згодно момче. Режисер на спотот е Милош Надаждин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi