Доживеала страшна несреќа, а тој оставил се за да биде покрај неа

29 јули, 20150
3

Мајкл Хоскин и Турија Пит се запознале уште во основно училиште. Врската ја започнале во 2009 година, а две години подоцна таа доживеала страшна несреќа.

Имено, за време на одржувањето на ултрамаратон ја зафатил пожар, кој избил од шумата покрај која трчала, и од кој се здобила со изгореници на 65% од телото. Таа останала без прстите на десната рака, а поминала пет месеци во болницата.

 

Мајкл се откажал од кариерата на полицаец за да може да се грижи за неа, а неодамна објавија дека се свршени, пишува “Daily Mail”.

“Купив дијамантски прстен додека беше на интензивна нега, уште пред четири години. Не сакам луѓето да ја сожалуваат, бидејќи таа само сака да продолжи со својот живот”, вели Мајкл.

 

За љубовта на неговиот живот вели дека има неверојатна енергија. “Сака да поминува време надвор, а и двајцата го сакаме океанот, па така поминуваме време заедно”, додава тој.

Турија е возбудена поради свршувачката, особено поради тоа што често велела дека љубовта на Мајкл е причина за нејзиното заздравување, како и дека поради него таа е најсреќната девојка во светот.

 

“Прекрасно е да се има таков човек во својот живот. Тој го буди најдоброто во мене и се радувам што ќе го поминам остатокот од животот со него”, вели таа.

После несреќата таа продолжила да се занимава со трчање, пливање и други спортови, а почнала да се занимава и со хуманитарна работа, па собрала неколку илјадници долари за хуманитарни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi