Ќерката на Цеца и ја презема работата на Карлеуша!

13 ноември, 20150
011 copy

Анастасија Ражнатовиќ го доби ангажманот кој е животен сон на познатата пејачка Јелена Карлеуша.

Карлеуша имаше голема желба да стане заштитно лице на брендот „Balmain“, направи се да ја забележат челните луѓе, но тие не само што ја заобиколија, туку за ѕвезда на промотивната вечер ја избраа ќерката на нејзината најголема соперничка Цеца Ражнатовиќ.

Беше вистинско шоу кога Јелена дозна дека Анастасија ја добила работата. Поразот е уште поголем бидејќи е во прашање ќерката на личноста со која не зборува со години и чиј успех таа се труди да го омаловажи и исмее. А толку се трудеше да докаже дека токму таа е створена да биде заштитно лице на брендот – вели еден познаник на Јелена.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *