Мајли откри дека е пансексуалка, а знаете ли што е тоа?

2 септември, 20150
13

Пејачката позната по својот бурен начин на живот, провокативно облекување, но и по врските како со мажи, така и со девојки, Мајли Сајрус, изјави дека е пансексуалка.

– Многу сум отворена во тој поглед. Јас сум пансексуалка, но не сум во врска. Имам 22 години, излегувам, но го менувам стилот на секои две недели, како и лицата со кои сум во врска, изјави пејачката во интервју за британскиот магазин „Ели“.

Иако не е ништо ново, сепак терминот „пансексуалност“ на многумина не им е познат.

Станува збор за сексуална ориентација слична на бисексуалност, но пофлексибилна.

Имено, пансексуалците можат да уживаат во разни видови сексуалност и во врски со мажи, жени, трансродови, андрогини и родово неопределени лица.

Омнисексуалност или пансексуалност е случај кога на една личност воопшто не и е важен полот и таа не верува во полови и родови разлики.

Терминот пансексуалност води потекло од грчкиот збор пан што значи „се’ “.

Тоа значи дека пансексуалците/омнисексуалците чувствуваат сексуална привлечност кон сите полови и не е исто што и бисексуалноста која се ограничува само на два(би).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi