Никол Шерцингер на роденденско патување на Миконос
29 јуни, 20150
Пејачката Никол Шерзингер моментално престојува на Миконос, каде што после работните обврски одлучила да го помине својот одмор.
Позната е по својата совршена градба, па уште еднаш докажала дека има одлична фигура носејќи минијатурно жолто бикини, додека преку него имала зелен провиден фустан.
Никол одмарала со своите пријатели на плажата Намос, а после тоа одлучиле да се повозат со чамец за да посетат уште некои убавини на овој грчки остров.
Инаку, популарната пејачка пред неколку месеци ја раскина врската со Луис Хамилтон со кој беше во врска дури седум години. Сепак, мора да забележиме дека и покрај неуспехот во љубовта, Никол е се` поубава и поубава.