Рекламниот спот „Аудиција“ е најскапата снимена реклама во историјата

2 ноември, 20152
Рекламниот спот „Аудиција“ е најскапата снимена реклама во историјата

Холивудските актери Мартин Скорсезе, Роберт Де Ниро и Леонардо Ди Каприо беа најславните гости на отворањето на новото казино во Макао, каде беше претставен нивниот 15. минутен краткиот рекламен спот „Аудиција“, која е најскапата снимена реклама во историјата.

Во спотот, што го режираше Скорсезе, настапуваат Де Ниро и Ди Каприо, а накусо се појавува и Бред Пит.

Иако официјално не е потврдено, медиумите тврдат дека снимањето на рекламата чинело цели 70 милиони долари. Зад целиот проект стои австралискиот мултимилијардер, Џејмс Паркер, кој на овој начин сакал да добие најдобра можна промоција за својата нова коцкарница во Макао.

Пакер заедно со холивудските ѕвезди се појави на црвенит тепих на отворањето на казиното „Студио Сити“, која тематски е посветена на Холивуд и чија изградба чинеше 3,2 милијарди долари.

На отворањето пееше партнерката на Пакер, Мараја Кери.

https://www.youtube.com/watch?v=PR1k3frRQFA

2 comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi