Шарлот МекКини: Има моменти кога мислам дека сум неверојатно грда и дебела

26 јуни, 20150
7
Шарлот МекКини повторно ја разбудила имагинацијата на своите фанови со жешки фотографии. Манекенката која ја нарекуваат наследничка на Кејт Аптон се фотографирала за списанието “Galore” и отворено проговорила за своите мани.

Иако на фотографиите изгледа како совршена заводничка, со полни усни, бујни облини и сина коса, таа вели дека нејзината самодоверба е многу помала од тоа што мислат луѓето.


“И јас понекогаш се чувствувам лошо, посебно кога обрнувам внимание на глупави коментари на интернет. Има моменти кога мислам дека сум неверојатно грда и дебела. Во главно се обидувам да бидам позитивна, бидејќи сум благодарна на тоа што го постигнав и животот кој можам да го живеам, но морам напорно да работам за да не се чувствувам несигурно”, истакнала Шарлот, која на фотографиите во костим за капење на плажа потсетила на славната Памела Андерсон, од времето кога глумела во “Чувари на плажата”.

Шарлот се прославила кога се појавила во секси реклама за хамбургери, но вели дека би сакала луѓето да не ја паметат само по изгледот.

“Не сакам да бидам само секси девојка. Сакам да се смеам и тоа е важен дел од мојата личност. Моментално снимам филм со Адам Сендлер”, се пофалила Шарлот.
 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi