Алкохол и енергетски пијалоци се фатална комбинација

27 февруари, 20150
2

Сте решиле да излезете уморни, по напорен ден на работа, па со цел да се забавувате и танцувате подолго време порачувате и енергетски пијалак покрај алкохолот.

Но, дали знаете како оваа комбинација од кофеин и алкохол влијае врз вас?

Сама по себе, комбинацијата е опасна бидејќи постои ризик од неверојатни 600% за прескокнување во отчукувањата на срцето.

Уште поголема опасност се крие и во илузијата дека вие сте многу потрезни отколку што навистина сте.

Луѓето кои мешаат енергетски пијалаци со алкохол редовно имаат субјективен впечаток дека не се многу пијани, за разлика од луѓето кои имаат консумирано иста количина на алкохол.

Чувството на умор е знак дека треба да престанеме да пиеме, но енергетските пијалаци целосно го отстрануваат, па токму затоа во овој случај ние би пиеле многу повеќе мислејќи дека алкохолот не допира до нас.

Поради оваа илузија на трезност, поголемиот број од шоферите би решиле да седнат позади волан, бидејќи веруваат дека се во состојба да возат.

Токму оваа ситуација често доведува до трагични последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *