Благодарение на нејзиниот татко престанала да јаде пица и станала неверојатно секси!

27 април, 20150
7

23-годишната Амелија Мортон изгубила повеќе од половина од својата телесна тежина, откако престанала да јаде пица. Таа оваа страстна брза храна ја јадела секој ден дури четири години и така на неа трошела 5.000 фунти годишно.

На оваа девојка, за време на студирањето, секојдневната исхрана ѝ се состоела само од пица и брза храна, па така се здебелила повеќе од 100 килограми. Кога по завршувањето на студиите се вратила дома, одлучила да престане да се храни со пица и тоа поради коментарот на татко ѝ.

Еден ден, таткото на Амелија ѝ рекол дека мора под итно да почне со диета, затоа што „мажите не сакаат дебели девојки“. После тој коментар, таа престанала да јаде пица и така буквално се „преполовила“.

„Додека студирав се случуваше секоја вечер да одам во друг пица ресторан и тоа го правев со недели. Бев премногу навикната на студентскиот начин на живот и не сфаќав што таквата храна му прави на моето тело“, вели Амелија.

За да се одвикне од брзата храна, Амелија морала да најде привремена работа, која би ѝ го оттргнала вниманието од огромната желба за пица. Дури имала и разни диети, но не можела да престане да јаде пица. Поради таквата нерегуларна храна, таа се чувствувала подуено и константно добивала плус килограми, пишува Daily Mail.
Дури после искрениот коментар на нејзиниот татко, Амелија престанала да јаде пица.

„Не можев да поверувам дека татко ми ми го рече тоа , но тоа исто така ми беше и смешно. Помислив, што еден 60-годишник знае за жените. Тој, секако, не мислеше да ме навреди со тоа, само ми ја кажа вистината во лице“, раскажува оваа девојка.
После тоа, нејзините татко и сестра ја поддржале да почне да тренира и да најде адекватна диета, за да ослабе што побрзо. После една година, многу труд и одрекнувања, Амелија успеала да го добие посакуваниот изглед и сега за себе може да каже дека е вистинска „риба“.

„Од оваа точка на гледање, не можам да верувам дека сум јадела пица во толкави количини. Сега многу ретко јадам пица, по малку и ми се гади“, вели таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi