Домашен лек против грип и настинка
20 ноември, 20150
На нашето тело несомнено најмногу му пријаат природните намирници, во кои се кријат бројни рецепти за здрав живот и младешки изглед. Во продолжение ви претставуваме рецепт со кој можете да ги победите вирусите и настинките, да ја вратите енергијата и да го подмладите организмот.
Елискир на доброто здравје
Потребни состојки:
- малку ленено масло
- еден лимон
- мед по желба
- главица лук
Подготовка:
Добро измијте го лимонот и излупете го, заедно со лукот. Ставете ги во блендер и додадете малку масло од ленено семе и мед по желба (во зависност од тоа колку благ вкус сакате), па сето тоа добро измиксајте го. Мешавината ставете ја во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер.
Примена:
Секој ден консумирајте по една лажица, половина час пред секој оброк (појадок, ручек и вечера).