Како да изгубите половина килограм за еден ден

16 мај, 20150
23

Оваа водена диета се спроведува секој втор ден и таа е многу строга!

Претпладне

Голема чаша вода, чај или природен сок. Неколку овошја, по можност комбинирајте различни видови.. Во зависност од периодот на годината, најмногу вода содржат – есен/зима: грозје и цитруси, пролет/лето: диња и лубеница

Ручек

Голема чаша вода пред јадење и чај после јадење. Ручекот се состои од свеж зеленчук за салата во количина по желба, со додаток на оцет, малку масло, лимон и зачини по желба (без преливи и сосови). На салатата можете да и додадете и маслинки. Можете да консумирате неконзервиран зеленчук, исклучиво свеж: артичоки, целер, зелена салата, моркови, цвекло, пиперки, краставици, кромид, пченка, домати, аспарагус….

Ужинка

Голема чаша вода или чај или природен сок. Чаша млеко или јогурт или 30 гр младо сирење или едно овошје.

Вечера

Испијте голема чаша вода пред јадење и една шоља чај по јадењето. Јадењето се состои од 100 гр месо (пилешко или телешко) или 150 гр риба (ослич) или едно јајце со зелечнук и овошје.

Внимавајте: Диетата не смеете да ја спроведувате во текот на цела недела, бидејќи ќе предизвика дисбаланс на материите во организмот. Смее да се применува само секој втор ден. И тоа не долготрајно, туку само повремено.

Важно: Пијте барем осум чаши вода дневно, а исхраната треба да е богата со различни намирници кои исто така содржат многу вода како што е овошјето и зеленчукот.

И за крај имајте на ум дека ниту една диета не е апсолутно добра за вашето здравје. Затоа, пред да преминете на некој „нов“ режим на исхрана посоветувајте се со вашиот лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *