Кaко друга девојка – Ослабе 70 килограми за 15 недели

8 април, 20150
7

Рејчел Фредериксон е победничката во најновата сезона на „The Biggest Loser“, која за само 15 недели успеа да ослабе неверојатни 70 килограми.

Таа на возраст од само 23 години тежела неверојатни 117 килограми, а за 15 недели од ова шоу таа успеа да симне 70 килограми, па сега тежи 47 килограми.

Рејчел беше една од тројцата финалисти, а како победничка освои 250 илјади долари.

Неа и беа потребни неколку секунди за да сфати дека токму таа е победничка на ова шоу, а изјави дека успеала да се трансформира од несреќна и тажна девојка во личност со многу самодоверба.

Ја пронајдов оваа девојка во себе и никогаш нема да ја пуштам. Ова патување ми го промени животот. Се шокирав кога дознав дека сум победничка, заклучила Рејчел.

Таа додаде дека сигурноста која ја стекнала во себе е многу поважна од титулата на победничка на шоуто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *