Млеко и зелен чај: Прочистување од токсини и брзо слабеење!

25 август, 20150
9

Секое утро милиони луѓе го започнуваат денот со топол чај. Некои со шеќер, некои без, некои зелен, некои црн… Тие знаат дека чајот е корисен, но не знаат сите за квалитетите на зелениот чај. Згора на тоа не слушнале за чајната диета, диетата со зелен чај и млеко.

Диета со зелен чај и млеко

Диета со млеко и зелен чај (млекочај) е најмногу популарна меѓу оние кои сакаат да ослабат и после да ја одржуваат својата тежина во нормала. Млекочај не е само вкусен напиток кој не ствара чувство на глад, туку е одличен за чистење и детоксикација на организмот од токсини.

За еден ден диета со млеко и зелен чај можете да изгубите од 0,5 до 2 кг тежина (вишокот на течност во организмот).

Диетата со млекочај се препорачува да се држи еден ден, не почесто од два пати месечно.

Контраиндикации: нетолеранција на млеко, болести на бубрезите и жолчката и низок притисок. Ако имате некоја хронична болест, консултирајте го својот лекар.

Рецепт за диета со млеко и зелен чај

Потребно:

1,5 литри немасно млеко

2 лажички вистински зелен чај

Моја препорака е вистинскиот зелен чај да го набавите во билна апотека, немојте да користите чај од филтер кесички, нема да има никаков ефект.

Во зовриено и изладено млеко до 70 степени (ова е важно – млекото несмее да биде топло, туку жешко) додајте ги двете лажички зелен чај. Поклопете и оставете да одстои 20 мин. Потоа исцедете и пијте.

Млекочајот пијте го во текот на денот по една шоља на секои 2 часа.

Чајот со млеко се абсорбира подобро, бидејќи чајот го олеснува варењето на млекото а млекото го ублажува ефектот на кофеин.

Во меѓувреме пијте негазирана вода.

Вода треба да пиете најмалку 2 литри на ден, обавезно, бидејќи млекото и зелениот чај се диаретици, а водата ја контролира рамнотежата во организмот.

Глад нема да осетите бидејќи млекочајот го ослободува организмот од чувството на глад.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi