Не фрлајте ја кората од банана: Ќе ви помогне да решите низа здравствени потешкотии!

13 мај, 20150
13

Бананата е овошје преполно со витамини, минерали, брзо ќе ве засити и е многу вкусна…

Но ако сакате максимално да ги искористите благодетите на бананата не фрлајте ја кората бидејќи еве како може да ви биде повеќе од полезна:

Против вирусни брадавици

Парче од кората се става врз брадавицата, а потоа се лепи со леплива трака или фластер и се остава да отстои во текот на ноќта. Наутро облогата се вади. Секоја вечер повторувајте ја постапката се додека брадавицата се исуши.

Против убод од инсекти и иритација

Масирајте го иритираното место со внатрешниот дел од кората и непријатното чувство набрзо ќе исчезне.

Против акни

Со внатрешниот дел од кората на банана масирајте го делот од лицето каде имате акни неколку минути, односно додека кората не добие кафена боја. Постапката се прави секоја вечер пред спиење, и не се мие.

Против хемороиди

Со внатрешниот дел од кората на банана намачкајте го засегнатото место и оставете кората да делува во текот на ноќта. Постапката се прави секоја вечер се додека симптомите не се повлечат.

Против брчки

Со внатрешниот дел на кората нежно масирајте ја зоната околу очите. Бананата ја храни кожата и ја прави мека и еластична, а помага за редуцирање на ситните брчки околу очите, а воедно и темните кругови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *