Ова мора да го прочитате – Најбрзиот трик за слабеење

8 септември, 20150
9

Станува збор за водата, еден од најголемите сојузници за топење на непосакуваните килограми, која го чисти телото од токсини и од вишокот на масно ткиво, без дополнителен напор. Со замена на газираните и благите пијалаци со обична вода, лесно ќе го задоволите и лажното чувство на глад, па нема непотребно да внесувате калории.

Чаша вода пред јадење

Нутриционистката Емили Дубовски од Johns Hopkins Weight Management центарот во Балтимор, советува кога ќе почувствуваме глад да испиеме 200 мл вода и да почекаме 10 минути. Дури после овој мал трик ќе увидиме дали навистина сме биле гладни или само жедни.

Чаша вода после јадење

Лесен начин да го забрзате метаболизмот е да испиете чаша вода за време на јадењето и уште една после јадењето. Ефектите кои чашата вода ги има врз телото ќе ги почувствувате веќе 10 минути откако ќе ја испиете, а најголемо забрзување на метаболизмот се постигнува околу 30-40 минути откако ќе ја внесеме течноста во организмот.

Благодети на водата

Телото се состои од речиси 70 проценти течности, а функциите кои тие ги извршуваат во телото се безбројни – влијаат на дигестијата, апсорпцијата на хранливи материи, циркулација на крвта, транспорт на нутриенти, како и на одржување на телесната температура.

Многу експерти се согласуваат во тоа дека треба да се пие доволна количина на вода, која токму заради сите напоменати фактори, е одличен сојузник во борбата против килограмите. Овој совет не бара никакво одрекување, туку само контрола на редовниот внес на вода која ќе му помогне на телото лесно да ги стопи масните наслаги и да ги исфрла токсините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi