Пет намирници за топење на стомачните масни наслаги! Научно докажано!

7 јуни, 20150
6

Има диети кои ви ветуваат дека ќе ги намалите масните наслаги на стомакот но по што се разликуваат тие диети од останатите?

Всушност клучот не е во намирниците што ќе ги избегнувате, туку во храната што ќе почнете да ја јадете, во точно одредени колични според советите на најдобрите светски нутриционисти и фитнес инструктори на познатите.

Боровинки – познати се како моќен антиоксидант но сега е докажано дека имаат и една неверојатна способност да ги намалат масните наслаги од стомакот. Секојдневно козумирајте 100 гр  свежи боровинки или чаша 100% сок од боровинки. Најдобро наутро со појадокот.

Грејпфрут – современите студии покажаа дека луѓето кои имаат зголемена телесна маса и конзумираат половина грејпфрут или чаша 100% сок од грејпфрут за ручек не само што слабеат, туку слабеат точно во областа на половината и карличниот појас.

Ореви – еден од најдобрите извори на омега 3 масните киселини кои не само што се моќни антиоксиданси но помагаат при регулирањето на нивото на хормоните на стресот. Кога нивото на хормонот кортизол(хормон на стресот) е високо, тоа предизвикува складирање на масни наслаги во областа на половината. Наутро се препорачува да се конзумираат грст ореви заедно со боровинките како појадок.

Кисело млеко – во својот состав содржи супстанции кои се ефективни за слабеење во областа на половината,  бидејќи имаат својство да го регулираат натрупувањето и разградувањето на мастите во телото.  Конзумирајте порција кисело млеко во комбинација со овесни јатки или мешано овошје, како вечерен оброк.

Црвени пиперки – богати се со природен витамин Ц за кој е докажано дека го регулира нивото на кортизол односно делува да се врати во своето нормално ниво кога е покачен при стресова ситуација. Тоа значи дека хормоните на стресот ќе циркулираат пократко време во телото и така нема да дојде до складирање на масти во областа на стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi