Детокс–диета со сок од лимон

28 март, 20150
7

Ова е 14 дневна детокс диета за слабеење со лимони, кои ќе го прочистат вашето тело и ќе ви помогнат да намалите 5 килограми неделно, или 10 во рамките на целата диета.

Ќе го искористиме својството на лимонот да согорува маснотии и да ни помогне да се ослободиме од излишните килограми.

Тајната на лимоните – многу професионални диетолози и специјалисти во областа на храната тврдат дека лимоните ги содржат сите неопходни елементи, кои ги разградуваат мастите и поради тоа го олеснуваат слабеењето, го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат апетитот. Лимоновата киселина допринесува за интензивно производство на стомачна киселина и како резултат го подобрува варењето на храната.

Лимоновата кора содржи пектин, кој помага во регулацијата на шеќерот во крвта, кој исто така е важен фактор во намалувањето на телесната тежина. Во основа лимонот е неверојатен плод, кој може да ја прочисти крвта и лимфните садови, ја подобрува размената на материи, помага да ослабнете и да се заштитите од низа болести.

Првиот ден започнувате со сок од еден лимон растворен во млака вода. Секој наред ден бројот на лимоните се зголемува по еден, така да шестиот ден треба да испиете сок од 6 лимони со вода. Бројот на лимони одговара на бројот на чаши вода. Седмиот ден имате 3 лимони во 10 чаши вода. Во текот на денот е забранета употреба на пржена храна и месо, освен пилешко варено и риба. Треба да јадете свежи салати во поголеми количини. Исто така дозволени се и житарици со јогурт или кисело млеко. Јаглехидрати под формата на готови производи се забранати. Желбата за благо можете да ја задоволите со бадеми и малку мед, но не во вечерните сати. Сокот од лимони се пие во текот на целиот ден. Можете да додадете и една лажица мед за повеќе вкус. Бело месо, риба, морски плодови, брокули, грав, грашок, леќа, боранија, карфиол, моркови, зелка, компири во ограничини количини и секако приготвени со варење или печење, се оние производи од кои ќе си го создадете дневното мени на ихрана во текот на овие 14 дена.

Диетата со лимонов сок е особено ефективна во пролет, кога нашето тело има потреба од дополнителни витамини и детоксикација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *