Проверена и од Новак Џокович, оваа диета го освои светот

27 февруари, 20150
8
Исхраната без глутен во моментов е една од најактуелните во светот. Генерално, ова е тераписка дијета, направена за пациентите кај кои е дијагностицирано пореметување на апсорпција на глутен или за луѓе кај кои е забележана нетолеранција на глутен.

Оваа диета се покажа како одлична за прочистување на организмот и кај потполно здравите личности, па дури и овозможува губење на килограми ( на 4 дена се губи 1-1,5 кг тежина). Постојат многу потврдени случаи кај кои не е забележана нетолеранција на глутен, но личноста со самиот премин на оваа диета или исхрана, почувствувала значајни здравствени подобрувања и подобности, како и губење на тежината. Научниците сеуште полемизираат дека е во прашање некоја скриена нетолеранција или нешто друго…

Безглутенската диета не забранува консумирање пченка, (леќата) хељда, соја. Сепак, пред да го употребите било кој производ, проверете на етикетата дали во истиот има јачмен или пченица. Диетата без глутен, строго забранува леб, тестенини и скоро секоја индустриски процесирана храна, затоа што во неа секогаш се пронаоѓа по нешто глутенско. Од оброците треба да се исклучи конзервираната храна, пецивата, колачите, сладолед, пакуваното месо и пијалоците кои содржат остатоци од зрнасти производи како што се квасец и пиво. Безглутенската диета дозволува храна припремена од соја, ориз, пченка и леќата (хељдино) брашно. Уште може да се користи просото, ориз, активен сув квасец и млеко во прав.

План за исхрана без глутен
Појадок: 1 варено јајце, 200 гр сирење, 20 гр леб без глутен, 10 гр путер, 200 мл какао или чај со млеко.
Втор појадок: 200 мл сок.
Ручек: 200 мл рибна супа/чорба со компири и моркови, 100 гр варена риба, 100 гр варени компири со грашок, 100 гр салата од зеленчук со растително масло, 20 гр леб без глутен, 200 мл компот од овошје.

Втор Ручек: 100 гр сирење, 100 гр овошна салата, 50 гр пченкарни стапчиња, 200ml кефир.
Вечера: 1 краставица, 100 гр динстана мисирка, 20 гр леб без глутен, 150 гр варени компири со грашок, 200 мл чај со шеќер без глутен.
Пред спиење: 200 мл јогурт.

Можеби главен недостаток во исхраната е што скоро е невозможно целосно да се избегне глутенот, имајќи го во предвид тоа што е честа состојка во конвенционалната исхрана.

Со овој начин на исхрана или диета, можете да изгубите тежина и да го исчистите телото од токсини. Исхраната е разновидна, избалансирана и содржи минимум калории и шеќери, па со самото тоа можете лесно да намалите на тежина.

Покрај решавањето на проблемите со глутенот, оваа исхрана и ги надополнува евентуалните витамински и минерални недостатоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi