Штетната страна на медот

17 март, 20150
9

Најголемиот проблем со медот е фактот дека луѓето слушаат дека е многу здрав, па со самото тоа претпоставуваат дека можат да го консумираат во неограничени количини. Тоа не е вистина и токму поради претераната консумација медот може да стане лош за вашето здравје.

Зошто е тоа така?

Сето она што го внесуваме, нашиот организам го разградува во глукоза, за да може да ја користи како „гориво“. Колку е храната покомплексна, како што се добрите јаглехидрати, толку повеќе време му е потребно на организмот за да ја разгради. Шеќерот се состои од 50 проценти глукоза и 50 проценти фруктоза, шеќер кој инаку се наоѓа во овошјето. Обичниот шеќер многу лесно се разградува, па нивото на глукоза во крвта брзо се зголемува. Она што вашиот организам нема да го искористи веднаш, се складира во телото во вид на масти.

Медот исто така воглавно се состои од шеќер, но содржи значајно помал процент на глукоза (30 проценти) и помалку од 40 проценти фруктоза. Она што никој не го претпоставува е дека медот има има повеќе калории отколку шеќерот. Имено, во мала лажичка мед се наоѓаат 25 калории, додека во иста количина на шеќер се наоѓаат 16 калории.

Но, она што е важно е дека во медот се наоѓаат и дополнителни 20 проценти различни шеќери, од кои многу се значајно комплексни, кои се разградуваат потешко. Тоа значи дека на вашиот организам потребни му се повеќе време и енергија за да го разгради медот и да го доведе до форма на чиста глукоза. Самото тоа значи дека ќе акумулирате помалку калории отколку при консумацијата на шеќер, бидејќи имате повеќе време да го потрошите на секојдневните активности.

Медот исто така може да содржи мала количина на цинк или други минерали, како и витамини, кои се добиваат од поленот кој пчелите го собираат од цветовите. Содржината на овие нутритивни состојки се разликува во зависност од пределот во кој медот е направен. Една од најсветлите страни на медот е тоа што во овој природен засладувач нема конзерванси.

Но, како што се однесува и за сите намирници, доколку го консумирате премногу, медот може да биде и штетен и да придонесе за зголемување на телесната тежина, а со тоа се зголемува и ризикот за појава на болести поврзани со прекумерната тежина, како дијабетес, срцеви заболувања и слично. Но, консумиран во помали количини, медот има бесценети придобивки за здравјето на целиот организам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *