Што ќе се случи ако секое утро пиете чаша топла вода?

27 март, 20150
15

Редовното пиење топла вода наутро има повеќе благотворни дејства на организмот, а ова се само мал дел од нив:

1. Ги прочистува органите за варење

Доволна е една шолја топла вода за да ги исфрлите токсините од телото. Водата помага во разградувањето на храната и со тоа го олеснува варењето. Консумирањето на студена вода во текот на оброкот или по него ги згуснува мастите во храната и така создава масни наслаги во цревата, па затоа попаметно е да ја замените со топла вода за да го поттикнете варењето.


2. Помага при тврда столица

Грчевите во стомакот и тврдата столица најчесто се јавуваат заради недостатокот на вода. Една чаша топла вода наутро, на празен стомак може многу брзо да го реши овој проблем и да му помогне на телото да функционира нормално.


3. Ги ублажува болките

Се смета дека топлата вода е најмоќниот природен лек, па дури може да ги намали болките за време на менструацијата. Топлината ги опушта мускулите и ги намалува грчевите.


4. Ги намалува килограмите

Ако држите било каква диета, сигурно многу пати до сега сте слушнале дека топлата вода може да ви биде одличен сојузник. Топлата вода ја зголемува температурата на телото и со тоа го забрзува метаболизмот, што понатаму доведува до побрзо топење на калориите.


5. Ја подобрува циркулацијата

Затоа што топлата вода ви помага да се ослободите од токсините, на тој начин се подобрува и циркулацијата.


6. Го забавува стареењето

Предвременото стареење е најголемиот страв на секој човек, но доброто е што обичната топла вода може многу да помогне. Присуството на токсини го забрзува стареењето, а затоа што водата ги чисти, процесот на стареење се забавува. Топлата вода исто така ја подобрува еластичноста на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi