Што се случува со нашето тело откако ќе изедеме хамбургер?

23 април, 20150
6

Постои причина зошто брзата храна не е здрава, но и зошто толку ја сакаме. Дали сте се запрашале како брзата храна влијае на вашиот организам?

Нутриционистот Кери Ганс, автор на бројни трудови и книги за нутриционизмот и здравата исхрана за „Yahoo Health“ објаснува што точно се случува со нашиот организам по конзумирање на брза храна, како и начинот на кој таа остава долгорочни последици на нашето здравје.

Мозок

Постои причина зошто брзата храна се смета за „храна за утеха“. Црвеното месо кое хамбургерот го содржи е полно со аминокиселини кои поттикнуваат лачење на серотонин, хормон на среќа, поради што на момент се чувствувате подобро.

Срце

Црвеното месо е полно со заситени маснотии. Конзумирањето храна богата со заситени масти долгорочно го зголемува ризикот од срцеви заболувања и инфаркт, а може да го зголеми ризикот од заболување од рак. Хамбургерите се полни со сол поради што прават вашето тело да ја задржува водата, поради што, не само што ќе чувствувате надуеност, туку и вашето срце потешко ќе работи, со што се зголемува крвниот притисок.

Крвоток

Штетата на артериите ја правите по конзумација на само еден оброк брза храна, покажуваат резултатите од истражување од 2012. година. Со тек на време заситените масти во црвеното месо го зголемуваат нивото на холестерол. Добрата страна на црвеното месо е што е полно со железо, витамин Б12 и цинк, со што го зајакнувате имунолошкиот систем.

Шеќер во крвта

Рафинираните јаглехидрати во хамбургерот брзо се варат и предизвикуваат зголемување на нивото на шеќерот во крвта. Долгорочно, ова може да го зголеми ризикот од развивање на дијабетес тип 2.

Коски и мускули

Црвеното месо е богато со протеини, поради што ви дава инстант енергија и ви помага во изградба на мускулите и коските.

Телесна тежина

Брзата храна е исклучително калорична. Со време овој вишок калории може да доведе до дебелеење, со што го ставате вашиот организам на ризик од заболување на разни болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi